Радио Милева сон во кралска ложа

Скапа дремка: Хју Грант заспа за време на мечот меѓу Ѓоковиќ и Коболи

Скапа дремка: Хју Грант заспа за време на мечот меѓу Ѓоковиќ и Коболи

Актерот Хју Грант, судејќи според снимките, малку му здодеа на Вимблдон.

64-годишниот актер им се придружи на голем број познати личности на трибините за време на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи, објавува „Citymagazine“.

Камера на BBC го сними моментот кога Хју накратко задрема – само неколку минути откако разговараше со кралицата Камила. Гледачите беа изненадени кога го видоа на екранот.

Пред да заспие, Грант беше во одлично расположение. Со насмевка на лицето, тој разговараше со кралицата.

Секако, снимката од Хју Грант како спие брзо се прошири низ мрежата X, а шегите не престануваат да доаѓаат.

„Нека го разбуди некој Грант“, „Хју Грант спие на тенискиот терен, хаха“, „Најскапата дремка во историјата“ – се само дел од коментарите од гледачите.

фото: X printscreen/BetMGM

To top