Македонската пејачка со српска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ, веќе некое време престојува во Грција со сопругот и синот, каде што ужива во морето, песокот, брановите и сонцето, и од каде што редовно се огласува.

Таа секојдневно добива неколку позитивни коментари, во врска со нејзиниот природен изглед, како и нејзиното совршено тело со оглед на тоа што пристојно го отстрани вишокот килограми.
Пејачката сега објави серија фотографии на својот Инстаграм профил заедно со сопругот додека биле на плажа, а тој во таа прилика е без маица, па следбениците слободно можеа да ја видат неговата тетоважата што ја има на раката.
– На нашата плажа дуваше ужасен ветер, па јас и мојот Миле почнавме да истражуваме наоколу и завршивме на нереална плажа – напиша Тијана.

Тијана со камерата уловила уште неколку кадри за што сопругот и коментирал :
– Добро Тијана, во ред е видовме сѐ и се фотографиравме, ајде сега да си одиме и рекол Миле.

Па, на крај си заминале и од таму, поради јакото сонце, се разбира.

На крај сподели и глетка од морето кое моментално е пред нив и во кое максимално уживаат и ги полнат батериите.
– Ти благодарам боже, сѐова јас го задслужив – напиша Тијана во нејзин стил.
Foto: printscreen/instgaram/tijana.dapcevic







