Радио Милева трикови

Дарко Лазиќ со куферот во раце го напушта семејниот дом

Дарко Лазиќ со куферот во раце го напушта семејниот дом

Пејачот Дарко Лазиќ ужива во бракот со својата сопруга Катарина, а неодамна јавно проговори на тема развод.

Бидејќи Катарина  вообичаено е активна на Инстаграм, одговараше на приватни прашања на своите следбеници, а темата за нивниот развод ги загреа мрежите.

– Дали е вистина дека се разведувате од Дарко? – беше прашањето на еден корисник.

– Секако дека не, овој господин нема толку лесно да се ослободи од мене – одговори Катарина, која го сними Дарко во дворот на семејната куќа со куфер во рака.

Да потсетиме дека Катарина неодамна одговори на негативен коментар на Инстаграм.

– Во море од профили полни со луксузни патувања, луксузна храна, луксузна облека, лажна совршеност, ако некој претставува нормален и реалистичен живот, тогаш тоа сум јас. Уживам да бидам на село, да готвам и да поминувам време со моето бебе и сопруг, но се чини дека и тоа некого го мачи. Многу е чудно и тажно кога си несреќен и им посакуваш зло на другите. Како сееш, така и жнееш! Засекогаш ќе стојам зад тоа – напиша Катарина.


Имено, деновиве тие самите ги подгреаја шпекулациите и тоа само во маркетиншки цели поради неговата нова песна, па така и двајцата беа загреани на социјалните мрежи.

Многу од нивните обожаватели коментираа на објавата на Каќа со надеж дека таа ќе им одговори што се случува, а сега Дарко стави крај на сите шпекулации и ја откри вистината.

фото:Instagram printscreen/ katarinalazic_24

To top