Помина речиси една година од последната објава на Инстаграм на пејачот и победник од 2017 година на „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Ристе Ристески. Пејачот како да влезе во медиумска илегала и „исчезна“ од социјалните мрежи, а на профилите останаа само фотографии објавени последно од месец септември лани.
Пред три години пак, Ристе беше доста транспарентен пред јавноста кога реши да направи трансплантација на коса, а целиот процес да го покаже јавно.

Од моментот на брчење на главата, пресадувањето, првите резултати, па и бујната коса напред по неколку месеци од пресадувањето.
Тогаш за оваа своја намера и промена кажа:

„Пред да се решам за пресадување коса гледав еден куп видеа и тоа ми изгледаше навистина страшно, но целата интервенција се заврши во неколку часа без никаква болка. Да знаев дека е толку едноставно и брзо, порано ќе ја направев. Првите 10 дена ми е забрането да излегувам на сонце и да тренирам, но после тоа се вратив на вообичаениот животен стил“, рече тогаш Ристе.
Сега, случајно или не, Ристе по толку време се огласи точно на денот кога беше прогласен актуелниот победник на Гранд, Никола Станишиќ.

Фотографиите новa објава, арно ама на истите Ристе по старо, новата коса ја нема. Стари фотки за потсетување на следбениците и публиката, или пак џабе фрлени пари за коса, тоа не знаеме…
Евидентно е само дека Ристе со старо-нова фризура се јави дека го има, дека е тука, а за косата можеби повторно ќе се реши да проговори за тоа до каде е.

Инаку, пресадувањето коса е процес кој кај некои пациенти трае и до 12 месеци. Првите резултати се гледаат во четвртиот месец, а веќе во седмиот месец косата ја добива посакуваната густина и облик.
фото:Facebook/ Riste Risteski/Instagram printscreen/riste_risteski







