Радио Милева нејзиното се'

Кај пејачката Татијана Стефановска се слави – поводот специјален и незаборавен

Кај пејачката Татијана Стефановска се слави – поводот специјален и незаборавен

Музичко брачната двојка Татијана Стефановска и  Митко Безаноски пред четири години го добија најголемиот благослов од Бога, станаа родители за првпат и ја добија ќеркичката Ана.

Времето брзо лето, децата си растат, а токму кога доаѓа денот кога се родени, тогаш емоциите дополнително засилени, очите се полнат со солзи радосници, а насмевката на чедото свое ти е најубавата глетка на светот.

Токму тој ден роденден дојде и за малата принцеза на Тања и тато Митко кои вчера во Oхрид со славеа роденденот на Ана која наполни четири години.

Како што е редот и за радост на слевеничката и најмалите гости, организирана беше забава во игротека, а маскотата која беше дел од идејата на гордите родители, дополнително и го направи денот на Ана највесел и најразигран.

Инаку, кога музиката е во прашање, Татијана Стефановска наскоро ќе го објави најновиот спот за „Песна е чарето“, која првично беше претставена на минатогодишното издание на „Прилеп Фолк Фест“.

фото:Facebook/ Tatijna Stefanovska

To top