Откако Данијела Ритан, учесничка во музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапи во последното емитување од овој ТВ формат, особено се издвоија коментарите на пејачката Сања Вучиќ и рокерот Ѓорѓе Давид.

– Кога станува збор за Данијела, мојата единствена забелешка е што си премногу резервирана, премногу редуцирана, средена, премногу дамска за песните што ги одбра. Нина Бадриќ е тешка, се бореше низ тоа, но во последната рунда беше полуда, поентузијастична, поенергична – истакна Ѓорѓе.
Сања се согласи со него, додавајќи дека „дамите“ денес не се снаоѓаат на музичката сцена.

– Данијела, беше одлична, мислам дека беше за шест, беше точна.
Ѓорѓе е донекаде во право, ти си дама, но за оваа работа треба малку да се извалкаме – објасни Вучиќ на кандидатката.
фото: printscreen/instgaram





