Промотер сам свој мајстор

Тарабунов ни подари ретро емоција со новата песна „Заедно“ (Видео)

Тарабунов ни подари ретро емоција со новата песна „Заедно“ (Видео)

Македонскиот пејач и композитор Александар Тарабунов повторно ја разбуди љубовната емоција со својата најнова песна „Заедно“ – интимна музичка приказна за врските што ја победуваат далечината, времето и сите предизвици.

Во екот на современата поп-сцена, Тарабунов се одлучува за смел уметнички потег: да ја врати топлината на ретро звукот од 50-тите години, но облечена во модерен и елегантен аранжман, што ја прави песната исклучително свежа и уникатна. „Заедно“ не е само уште една љубовна песна – тоа е израз на носталгија, зрелост и уметничка автентичност.

Тарабунов е потпишан како автор на музиката, текстот, аранжманот, продукцијата, а воедно и како режисер на видеоспотот, кој беше реализиран во соработка со Владислав Гавриловски, познат по својот креативен визуелен израз. Видеото, со внимателно избрана естетика, го надополнува емоционалниот наратив на песната, носејќи не во време кога љубовта се чувствувала подлабоко и се пеела поблагородно.

„Ова е песна за љубовта што не исчезнува, љубовта што се препознава и по долгото молчење, љубовта што ја препознаваш во очите, и покрај годините поминати,“ сподели Тарабунов за Музика24.

Со „Заедно“, Тарабунов уште еднаш потврдува дека знае како да создаде музика што остава трага – не само во ушите, туку и во срцата на слушателите.

 

To top