Радио Милева дај друго дете...

Другарка и’ Тамара ја реши мистеријата, зошто Марија Луиса Тодоровска е се’ уште немажена: Уште не ни почнала, а веќе свршила… (ВИДЕО)

Другарка и’ Тамара ја реши мистеријата, зошто Марија Луиса Тодоровска е се’ уште немажена: Уште не ни почнала, а веќе свршила… (ВИДЕО)

Марија Луиса Тодоровска има една слаба точка… Бракот! Или ако сакате повеќе истата ја има мајка и’, па постојано и додева прашувајќи ја ќерка и’, кога планира да се мажи!

А, за да реши за некого да се омажи, Марија најпрвин сака да го направи вистинскиот избор и да го одбере најдобриот од сите мажи. Ама како врват годините, така се повеќе и’ растат барањата и апетитите, а мажи како мажи, особено овие – денешниве,  скарани и со манирите и со навиките. Барем повеќето од нив, а пејачката достојна на принципите, никако не попушта и не прави ниту најмала отстапка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KURIR.MK (@kurir.mk_official)

За да ја дознае вистината каков тоа маж Марија Луиса навистина посакува, другарка и Тамара реши да ја преиспита. Па седна да и поставува различни прашања, ама на сите нив добиваше еден ист договор… Следниот!

Зашто Марија бара идеален маж. И најмала ситница да му недостасува или нејзините желби и барања да не ги испочитува, толку му е…   Кај Марија Луиса нема втора шанса за прв впечаток! Така што најчесто нејзината љубовна приказна уште не ни почнала, а веќе свршила, ако потенцијалниот љубовник само малку отстапи од кодексот на однесување и нејзините замислени правила!

Така во играта на прашања и одговори на двете, може да се заклучи само едно: „Кај Марија нема, што ако…? Има само: Дај друго дете“! А, секој следен, никако да (о)стане и последен! Не барем досега! Таква е Марија Луиса… Уште не ни почнала, а веќе свршила… со љубовта!

Фотои видео: Инстаграм/luisa.todorovska

 

 

To top