Радио Милева никогаш поопуштена

Каролина Гочева пред српските медиуми „пушти срце“ да зборува за бракот: „Не се омажив ради реда и за да престанат да ме прашуваат“

Каролина Гочева пред српските медиуми „пушти срце“ да зборува за бракот: „Не се омажив ради реда и за да престанат да ме прашуваат“

Каролина Гочева пред месец дена го издаде синглот „Мог живота дио“, а откако се најде на сите музички платформи, македонската поп- ѕвезда тргна во промоција на песната кај северниот сосед.

Карол, како што блиските милуваат да ја ословуваат, беше гостинка на неколку емисии, а таму за разлика од дома „разврза јазик“ за приватноста повеќе од вообичаено.

Кога водителот на К1 телевизија и емисијата „Spika i prilika“ почна да ја потпрашува на тема брак, таа веднаш кажа дека прашањето „кога ќе се мажиш?“ отсекогаш го мразела, но не се штедеше да каже нешто повеќе околу мажачката и за бракот со уметникот Михаил Корубин.

„Кога ја поминав 30-тата сфатив дека немам порив да бидам во брак. Иако секогаш имав долги врски, си ветив дека нема да го направам тоа ради реда, за да престанат да ме прашуваат. Ако дојде време, ќе дојде“, кажа таа во шоуто „Спика и прилика“ во кое гостуваше заедно со колегите Бојан Маровиќ и Наташа Михајловиќ од женскиот бенд „Фрајле“.

За потсетување, Каролина и Михаил како што кажа и во интервјуто се заедно околку една деценија, додека во брак веќе осум години.

фото:Instagram printscreen/karolinagocheva

To top