Радио Милева затворски неред

Синот на Ханка Палдум завршил во самица откако претепал полицаец и затвореник

Синот на Ханка Палдум завршил во самица откако претепал полицаец и затвореник

Синот на Ханка Палдум ја издржува казната, а откако неодамна се степа со затвореник и повреди чувар кој се обидуваше да ја спречи тепачката, беше преместен во самица.

Мирзад Бркиќ (40), син на пејачката Ханка Палдум, откако предизвика сериозен инцидент во Казнено-поправниот дом Зеница, беше одвоен во дисциплинското одделение и е под надзор на затворската полиција.

Директорот на Казнено-поправниот дом Зеница,  за „Аваз“ изјави дека секој што во затвор ќе направи пречекорувања треба веднаш да биде одвоен.

-Секој што во затвор ќе направи пречекорувања, затворската полиција постапува професионално и тие лица се гонат, одвојуваат во дисциплинското одделение, и секако, сè со согласност на надлежниот суд. Ние работиме на обезбедување на тие лица, но работиме во соработка со судот, бидејќи притвореното лице не е осудено лице. Од време на време има несогласувања во одредени простории, станува збор за притворени лица, тие го поминуваат поголемиот дел од времето заедно во собите, на пример, познато е дека се четворица заедно и нормално е да има вербални несогласувања, а на крајот и физички контакт. Секако, ние како институција постапуваме и ги изолираме таквите лица во посебни простории и го известуваме надлежниот суд – рече Исак.

Да ве потсетиме дека во септември 2021 година, Мирзад Бркиќ беше уапсен по пријава дека психички и физички ја злоупотребувал и ја принудувал на интимна врска против нејзина волја, А.П. од Сараево, која во тоа време имала 26 години.

Во тоа време, двајцата престојувале заедно во Неум за време на викендот, а ова беше споменато и во пријавата што сопственикот на куќата ја испратил по телефон до Полициската станица во шест часот наутро.

фото:instagram printscreen/

To top