Уште еден познат Македонец стапна на „лудиот камен“. Познатиот македонски фудбалски голман, струмичанецот Костадин Дино Захов минатиов викенд (24 мај 2025, сабота) правеше свадба. Тој ја ожени познатата модна дизајнерка од Србија, атрактивната Ивана Давидовиќ.

Дино голманскиот дрес го замени со елегантен црно бел костум (бело палто и црни панатлони, бела кошула и црна пепрутка-вратоврска), а просторот во петерецот меѓу стативите тој викенд го замени пред олтарот на Соборниот храм во Скопје каде тој и саканата се заколнаа на „љубов и верност до гроба“ пред Бога, а потоа склучија граѓански брак и заедно со бројните гости се преселија во една позната винарија каде се одвиваше свадбената веселба.

Исто како и младоженецот кој е познат по својот префинет стил на облекување, очекувано и невестата носеше тесна, припиена до нејзиното тело венчаница од бела тантела, а долгиот невестински вел прикачен за пунџата и се леелеше во позадина.

Гостите на свадбата меѓудругите ги забавуваше и познатата српска и регионална фолк дива и членка на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, легендарната Ана Бекута која специјално за оваа пригода допатува во Македонија.

Секако, во еден момент за микрофонот се фати и младоженецот, кој е уште оддамна познат по својата пасија и голем мерак за свирење и пеење.

Инаку Дино покрај голманските квалитети стана познат во македонската јавност и по тоа што беше во долга врска која дури и заврши со свршувачка со црногорската ракометарка Јованка Радичевиќ која неколку години живееше во Скопје додека ги бранеше боите на домашниот „ЖРК Вардар“.

Парот беше заедно околу три години, се свршија, но поради професионалните обврски на двајцата не стасаа да направат свадба, иако на големо го планираа и тој чекор. По се’ изгледа, откако Јованка си замина од Скопје и се пресели да игра во Романија, згасна и љубовта, па ја раскинаа и свршувачката.

Веднаш потоа зад голманот се влечеше нова љубовна афера, овој пат ос разведена жена на негов колега.
Имено, естрадно-спортските кулоари, а и поедини медиуми јавно бруеја за тајната врска на Дино захов и бившата сопруга на фудбалерот Баже Илијоски, убавата стружанката која има исто име како и сега веќе актуелната сопруга – Ивана.

Но, минатото е минато и него секој од нас зад себе го има.

Сега Дино Захов и Ивана Давидовиќ се во „трета димензија“. Заедно свртени кон погледот во иднината кој на бачната двојка треба да и донесе многу убави нешта.

Впрочем, како што велат и стиховите на самта песна која Дино на својата „избраничка за навека“ и ја посветил па јавно ја обзнанил на својот Инстаграм.
View this post on Instagram
Фото: Архива и Инстаграм/davidovicivana_/dinozahov





