Младата македонска пејачка Драгана Јовановска деновиве славеше матура.

Ќерката на нашата позната фолкерка Тања Јовановска-Трајкова и нејзиниот сопруг, музичарот Младен, во духот на инасловот на нејзината последна песна „Гламур“, блесна во гламурозен матурски фустан.

Нејзината мајка, на социјалните мрежи се пофали со својата ќерка – матурантка, а и самата Драгана објави фотографии од својот матурски изгкллед промебннета во свечената тоалета за еден од најзначајните денови во животот ово тинејџерскиот период, кога завршува една фаза од детството и младоста и од образованието и степенот на едукација.

Младата пејачка заврши средно училиште, па гордата мајка го сподели изгледот, односно аутфитот и комплетниот имиџ на својата наследничка за нејзината матурска вечер.
Драгана сподели исто така фотографии на кои покажа дека за матурската прослава одбрала долг, свечен, елегантен црн фустан, со голи раменици, шлиц до колкот и гол грб, исшниран со врвка одзади.

На него му прилегаат свечени светкави салонски чевли со високи потпетици. Матурскиот имиџ младата пејачка го надополниола со аксесоари во вид на накит и тоа комплет од дискретни обетки на ушите, ланче околу вратот и алка на раката, изработени од сребро или бело злато.
Убавата млада пејачка овој свој имиџ го зачинила со прекрасна, испеглана фризура на долгата права коса, како и соодветна шминка и маникирани долги нокти, што на целиот нејзин матурски изглед му дава холивудско-оскаровска нота, па матурантката остава впечаток како познатите филмски диви кога чекорат по црвениот тепих.

Кога сме кај талентот и убавината, првото многу извесно дека Драгана го наследила од обајцата родители.

Ама женственоста и убавината пак, евидентно е дека се „copy-paste“ од нејаината мајка, атрактивната велешанка со кумановска адреса, Тања Јовановска Трајакова.

Инаку, кога сме кај матурантката, таа неодамна стана и полнолетна, а за својот 18-ти роденден мама и тато ја изненадија со подарок од соништата.

Имено, за нејзиниот „ Happy birthday“ во дворот паркираа нов автомобил, во вид на италијанскиот женски убавец Фијат 500.

Фото: Инстаграм/draganajovanovskaa/tanjajovanovskaa





