Актерката Амбер Херд (39) во нова објава на Инстаграм откри дека станала мајка на близнаци – девојче по име Агнес и момче по име Оушн. Херд ја има и четиригодишна ќерка Уна Пејџ Херд.
Херд напиша дека никогаш нема да ја заборави оваа година и ја сподели радосната вест.
„Оваа година неописливо сум возбудена што ќе го прославам комплетирањето на семејството кое со години се обидувам да го изградам“, рече таа покрај фотографиите од стапалата на малите.
Херд продолжи да рече дека нејзиниот „свет се смени засекогаш“ кога го дочека своето прво дете и дека мислела како „не може повеќе да пука од радост“, но „сега пука тројно“.

„Да станам мајка по мои услови и покрај моите проблеми со плодноста беше најпонизното искуство во мојот живот“, напиша Херд и додаде: „Вечно сум благодарна што успеав да го изберам ова одговорно и промислено.“
Херд избрала да не зборува јавно додека била бремена. Таа, исто така, не сподели никакви детали за тоа кој е татко на нејзините близнаци.

Таа ја доби ќерката Уна Пејџ во 2021 година со помош на сурогат мајка. Амбер и Уна ги напуштија САД три месеци откако таа загуби на суд од нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.
Тој ја тужеше, тврдејќи дека го клеветела во написот што го напишала за Вашингтон пост. Судот и наложи на Амбер да му плати отштета од над 10 милиони долари. Таа сега живее со својата Шпанија.
фото:Instagram printscreen/amberheard







