Ниту новата епизода на популарното музичко шоу „Пинк звезди“ не можеше да помине без силни пецкања, искри и отворени провокации меѓу членовите на стручното жири. Музичката дива Јелена Карлеуша и контроверзниот рапер Драгомир Деспиќ влегоа во директен и жесток вербален судир во студиото поради годините на нејзиниот помлад дечко, фудбалерот Никола Никшиќ, што експресно го привлече комплетното внимание на гледачите.
Сè започна од провокациите на сметка на Деспиќ кои беа упатени кон еден од кандидатите на сцената. „Има дечко, Дилбере, така да знаеш, да не се надеваш“, му порача раперот на натпреварувачот, по што Карлеуша веднаш скокна во своја одбрана.

„Прво, дечкото има 20 години, така што…“, одговори веднаш Јелена.
Меѓутоа, Деспингерица реши дополнително да се шегува со целата ситуација околу возраста на нејзиниот партнер, па запраша: „А дечкото колку има години?!“, што предизвика силен смев кај сите присутни во студиото, но пејачката експресно му одговори во свој препознатлив стил: „Зошто е воопшто битно колку години има една убава жена или која било жена?“.
Разговорот максимално го забавуваше раперот, па тој продолжи со своите метафори: „Имаш девојки од по 46 години кои можеби немаат претрчано два-три мажи, а имаш и такви кои имаат претрчано 202 мажи“.

Оваа изјава видливо ја изнервира Карлеуша, која воопшто не му премолче и брутално му возврати во програмата: „Пак предрасуди! Зошто е битно колку една жена претрчала?! А колку имаш претрчано ти, пријателе?“, со што целосно го затвори судирот во своја корист.
фото:Instagram printscreen/pinkovezvezde_official




