Една од најпопуларните српски водителки Сања Маринковиќ своевремено беше домаќин на босанскиот актер Енис Бешлагиќ.
Енис и Сања решија да ги заменат улогите на почетокот од емисијата, што резултираше со необична и забавна размена на прашања и одговори.
Енис ѝ постави прашање на Сања за пронаоѓањето на вистинскиот маж, истакнувајќи го нејзиниот изглед и активности.

Со хумористичен тон, Бешлагиќ почна:
– Ајде веднаш, ве молам, со дамата која секогаш прва поставува прашања. Сања, кажи ми за негата на твоите нозе… – рече тој, а Сања беше видливо изненадена од ова прашање.
– Одржување на нозете? Од сѐ ти кај мене, само моите нозе ги гледаш? – рече таа, по што актерот со смеа коментираше:
– Засега… и малку деколте се гледа, сепак. Сања те молам, ме интересира ова, како и какви методи користиш за да го пронајдеш вистинскиот маж? Значи, шеташ низ Белград, со тие нозе… Затоа реков дека имаш убави нозе и треба да ги користиш. Денес, навистина ти не можеш само така да седиш и да го пронајдеш својот маж – рече Енис.

– Колку емисии си снимила досега – праша Енис.
– Во 24-те години колку што ја работам оваа работа, секоја сабота, вие пресметајтее. Тоа е 52 пати по 24, бидејќи работев дури и кога бев бремена – рече Сања.
„Како е можно да не ја знаете дефиницијата за вистински маж?“, праша актерот.

– Сфатив дека вистински маж е оној со кого сè во животот е прекрасно дури и кога ништо околу мене не е добро. Убаво ми е да бидам со него дури и кога ништо околу мене не е убаво – рече Сања.
– Не мислиш ли дека премногу бараш – рече Енис.
Снимката од овој дел од емисијата брзо се прошири низ социјалните мрежи, а корисниците беа многу заинтересирани да ја видат Сања во улога на гостин.
„Некој успеа да ја замолчи и Сања Маринковиќ“, „Сега гледа дека не е лесно да се одговорат нејзините прашања“, „Одлично е да се види како успева да биде соговорник“ – беа само дел од коментарите.
фото: printscreen







