Откако се ожени по вторпат и стана татко на второ синче, а потоа и на ќерка, поп-пејачот Даниел Кајмакоски стана потранспарентен пред јавноста и медиумите.
Неговиот Инстаграм профил редовно е подновен со објави од најмалите и најмилите, па кај него како што е пракса за повеќето познати, нема ниту криење на наследниците, туку напротив тој преферира гордо да ги покаже пред сите.

Хармонијата никогаш поубава, љубов до плафон, но и предизвици со две мали дечиња кои како што вели, го однесоа во една нова и најубава животна авантура која штотуку започна.

Токму за овие убавини благодарен е на Бога, а секако и на сопругата која исто така често знае да ја возвиши преку емотивни коментари.
Овој пат од стори објавите кај тато Даниел се најде објава која првично ја сподели неговата сопруга. Имено, веројатно децата беа оставени на чување со тато за мама барем за момент да направи нешто барем до соседната просторија, а кога се врати назад имаше што са види.
Не се знае кој кого чува. Стефан си игра со играчките, шестмесечната Емилија пак си игра со ноџињата легната со заспаниот тата.
Кога мама виде, реши овој момент да го осековечи, а пак Даниел нез заддршка ова и самоиот си со сподели со забележката од марина дека видеото е покриено со музика бидејќ и не би сакале да ги слушнете звуците- на р’чењето се разбира.
За потсетување, Даниел и Марина се венчаа пред две години, а нешто подоцна откако се роди Стефан правеа и мала свадбена веселба во кругот на најблиските кога открија и дека ќе станат родители по вторпат.
Инаку, ова е втор брак за Даниел. Тој пред Марина која по професија е анестезиолог, беше во брак со мисицата Кристина Димитриевска, со која го има осумгодишниот син Давид.
фото:instagram printscreen/daniel_kajmakoski




