Пејачката и докторка Симона Поповска, за своите синчиња преферира да приредува големи и луксузни родендени. Таква пракса има уште од првиот роденден на синчето Никола, а секако и за вториот наследник Стефан.
Симона и нејзиниот сопруг Крис, инаку сопственик на познат машки бренд за костуми, имаа посебен повод за славење кој ги направи особено среќни и горди- 4-от роденден на наследникот Никола.

Како секој роденден, така и сега имаше тематска луксузна декорација, две маскоти, торта на два ката со омилените ликови на славеникот кои наедно беа и таму. Мама и тато ги оживеаја цртаните, па светот на Никола за неколку часа стана уште пошарен и поубав.

Родендените на децата се ден за голема прослава за која мама Симона и тато Крис сакаат се’ да биде на ниво.
Домаќините задоволни, а гостите, особено најмалите, и најмногу славеникот најзадоволни.
Среќен роденден и уште мнногу вакви моменти кои ќе останат врежани во детските спомени!
фото:Instagram printscreeen/simonapopovskaofficial







