Во вилата Ражнатовиќ на Дедиње се одржа голема роденденска забава за синот на Вељко и Богдана Ражнатовиќ, Крстан, кој го прослави својот втор роденден.
Тие ги собраа своите најблиски пријатели и семејството во вила на Дедиње за да го прослават овој важен ден за своето семејство, а се беше во духот на роденденското момче и неговиот посебен ден.
Гости, торта, музика, имало сѐ а гостите ги забавувале пејачите Ивана Павковиќ и Милан Динчиќ Динча.

Познато е дека на Цеца таа и е омилената пејачка, а кога ги пееше своите познати хитови ги крена сите на нозе.

На добрата атмосфера не можеа да одолеат ниту Цеца, ниту Богдана, поради што веднаш скокнаа на нозе и почнаа да играат.

Интимната атмосфера во која се прославуваше роденденот на малиот Крстан, собра тесен круг на семејството и пријателите, а прославата траеше долго до ноќта.
Колку се забавувале покажуваат фотографиите кои веднаш ги споделија на социјалните мрежи.
Семејството Ражнатовиќ уште еднаш покажа дека семејството е на прво место и дека не мора секогаш да биде гала прослава, туку дека можат да уживаат во едноставноста и што е најважно опкружени со саканите.
фото: printscreen/instgaram




