Радио Милева весело, весело

Кај Гавазова се славеше наголемо: Бројката даде знак дека и годините „се кршат“, а за дедо може дури и да се срушат (видео)

Кај Гавазова се славеше наголемо: Бројката даде знак дека и годините „се кршат“, а за дедо може дури и да се срушат (видео)

Семејството е најголемото богатство кое може да го има еден човек, а кога сите се на број, големината на тоа што го имаме е непроценлива.

Фолк пејачката Сузана Гавазова пред неколку години се врати од Шведска во родната Македонија и e поблиску до членовите од потесното семејство.

Сега сите заедно во Струмица имаат повеќе заедничко време за да ги споделат сите нешта од животот. Еден таков убав повод беше роденденот на нејзиниот татко.

Имено, дедо наполни 73 години, повод за заедничка домашна забава заедно со внуките, ќерката, зетотот… роденденска торта секако беше тука, ама и свеќичките кои не беа на број.

Наместо 73, дедо имаше само 7-ца зашто тројката се скрши.

Очигледго во случајот за вака весел дедо и годините „се кршат“, па за славеникот може и комплетно да се срушат и воопшто да не бидат важни кога до себе има се’.

-73 години татко. Да ти е множат годините. Среќен роденден, напиша Сузе.

Ова не е првпат Гавазова да ги покаже саканите, а генерално не е резервирана кога станува збор за претставување на нејзините блиски пред пошироката јавност.

Либералниот став веројатно го имаат и тие, па не ретко можеме да посведочиме и на вака убави моменти од нивната приватност кои Гавазова ги објавува на својот Инстаграм профил како и сега.

фото:Instagram printscreen/suzanagavazova

To top