Пејачката Рада Манојловиќ му се налутила на колегата Дарко Лазиќ.
Како што дознава Информер.рс, Дарко Лазиќ изјавил дека не знае зошто Рада Манојловиќ му се налутила, бидејќи секогаш имал само пофални зборови за неа.
Имено, Дарко и Рада се сретнале на аеродром по нивната свирка, а во таа прилика Лазиќ се пошегувал со Манојловиќ, што воопшто не и се допаднало.

Дарко потоа открил дека не знае за што се работи и зошто Рада му се налутила.

– Не знам за тоа. Можеби сме допреле некоја тема што ја повредила, можеби сум се напил малку и сум кажал работи што не треба, но знам дека не сме се скарале. Навистина не знам. Некој може погрешно да протолкува нешто, можеби не знае за шегата, можеби тоа беше лоша шега за неа, сите сме различни. Многу ја сакам Рада и таа е многу добра и вредна девојка, можеби нешто погрешно разбрала, можеби јас сум виновен и можеби сум кажал нешто погрешно, што не сум го мислел или не требало. Никогаш не би рекол ништо лошо за неа, таа е прекрасна личност – изјавил Дарко за Информер.
фото: printscreen/instagram/darkolazicofficial/radamanojlovic







