Радио Милева ултра секси

Кој би рекол дека има 50 години? Очајната домаќинка Ева Лонгорија е жешка мачка во бикини (фото)

Кој би рекол дека има 50 години? Очајната домаќинка Ева Лонгорија е жешка мачка во бикини (фото)

Актерката Ева Лонгорија на Инстаграм објави серија фотографии на кои на своите следбеници им покажа како ги поминала последните неколку денови.

На првата фотографија ѕвездата на „Desperate Housewives“ позира во бикини со леопард принт. Многумина ја пофалија нејзината фигура во коментарите под сликата. Објавата собра над 180.000 лајкови.

На други фотографии таа покажа моменти со пријателите и семејството, како и снимањето за познат бренд. Таа исто така сподели дека моментално ја чита книгата на Виктор Е. Франкл „Човекот трага по значење“.

Ева неодамна проговори за можноста за снимање на продолжение на хит серијата „Очајни домаќинки“. Актерката, која го играше ликот Габриел Солис од 2004 до 2012 година, вели дека ќе биде првата што ќе потпише договор за продолжување на серијата.

„Исклучително сум горда на досегот што го имаше шоуто. Сакам што луѓето ширум светот сè уште ме препознаваат како Габи денес! Тоа само покажува колкаво влијание имало шоуто“, изјави таа за „Stellar Magazine“.

Ева минатиот месец го прослави својот 50-ти роденден. Прославата траеше два дена, а меѓу познатите кои присуствуваа на забавите беа Викторија Бекам, Беки Џи, Габриел Унион, Леле Понс, Марк Ентони и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Новак на прославата очигледно бил без сопругата. Ева објави видео на кое позира со пријателите. Новак застана до Џесика Алба, а во видеото се појавуваат и бизнисменот Дејвид Грутман и неговата сопруга Изабела, парагвајскиот модел Надија Фереира, Марк Ентони и Беки Г.

Луѓе, ве сакам“, напиша Лонгорија во описот на видеото.

фото:Instagram printscreen/ evalongoria

To top