Пејачката Марија Шерифовиќ на Инстаграм објави видео облечена во костим за капење.
Марија замкина на заслужен одмор со синот, а додека нејзиниот наследник спие на плажа таа ги гледала луѓето, па не можела да остане имуна на она што го видела.
Пејачката се сними во костим за капење, иако вообичаено не го прави тоа, но овој пат направи исклучок, бидејќи не одолеа да ја сподели својата забелешка со следбениците на Инстаграм.
„Додека Марио спие, јас малку ги набљудувам луѓето. Никој не зборува со никого, сите молчат три часа. Оваа баба пие розе, овој дедо гледа некои момци, една госпоѓа се сонча, а до неа некој идиот брбори на телефонот. После се прашуваме, од каде развод и кавги. Луѓето не можат да си ги гледаат очите а немаат м*** да се разведат, каков пекол“, вели Марија во видеото што го објави.
Да потсетиме, додека Марија ужива со својот син Марио во потоплите краишта, помлада колешка ја заменува во Ѕвездите на Гранд.
фото: printscreen/instagram