Македонското музичко братско дуо близнаци Мартин и Стефан Филиповски од „Некст Тајм“ како и екипата на нивниот придружен бенд деновиве требаа да имаат неколку концерти во Германија.
Имено, „Некст тајм“ требаа да настапат најпрвин на 21.03.2025 во Хамбург, а два дена подоцна, на 23.03.2025 и во Берлин. Но, по големата трагедија во Кочани која ја погоди Македонија, во која настрадаат 59 млади животи, а Стефан и Мартин загубија меѓу останатите и свои драги колеги и пријатели, браќата решија да ги откажат закажаните концерти.
Тие во знак на почит кон починатите во трагедијата во Кочани и покрај тоа што концертите им се надвор од Македонија, сочувствувајќи со ненадоместливите загуби на семејствата на трагично настраданите, сепак решија да не настапуваат, а концертите во Германија ги одложија на наеодредено време.
Веста ја обзнанија меѓуостанатаото и на социјалните мрежи, каде „Некст Тајм“ се огласија со свое соопштение.
„Во овие моменти на тага и болка, сакаме да им изразиме длабоко сочувство на сите оние кои ги изгубија своите најмили во трагедијата која се случи во Кочани!
Сакаме да Ве известиме дека претстојните концерти во Хамбург на 21.03.2025 и во Берлин на 23.03.2025 ќе бидат одложени на неопределено време.
Повеќе информации за овие настани ќе бидат објавени наскоро, по завршувањето на деновите на жалост.
Бог да им даде сила на сите во вие тешки мигови!“- споделиле Стефан и Мартин.
Фото: Инстаграм/nexttimeband