Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша се огласи по страшната трагедија во дискотека во Кочани и потсети дека починатите членови на групата „ДНК“ гостуваа на нејзиниот концерт во Скопје.
Јелена Карлеуша на својот Фејсбук профил изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите.
– Уште еднаш изразувам најдлабоко и најискрено сочувство до цела братска Македонија. Страшна, страшна трагедија! Толку млади животи… плачам додека читам вести… – напиша таа.

Карлеуша истакна дека и самата не може да поверува дека заедно со регионот се збогува со овие млади момчиња.

– На мојот концерт во Скопје гостуваа момците од македонскиот бенд ДНК. Барани од македонската публика… Не ми се верува дека го пишувам ова… Нека Универзумот им даде сила на семејствата на оние кои загинаа во оваа страшна болка – рече Јелена.
Да потсетиме, најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва имала само 14 години.
фото: printscreen/FB/karleusa.world







