Александра Поповиќ, ќерката на Саша Поповиќ, за првпат се огласи на социјалните мрежи откако го загуби својот татко.
Таа на својот Инстаграм профил објави црно-бела фотографија од татка си, а во пораката изрази благодарност до сите кои се со неа и нејзиното семејство во овој тежок период.

„Им благодарам на сите добри луѓе кои ни изразија сочувство и кои сочувствуваат со нас во нашата болка. Семејството Поповиќ“, напиша ќерката на Саша, заедно со емотикон со бело срце и раце кои се молат.

За потсетување, креативниот директор и основач на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ, почина на 1 март 2025 година, по кратко и тешко боледување.
Последните денови ги помина во Париз, во болница, опкружен со семејството и со најдобрите пријатели.
Погребот ќе се изврши во четврток на 6. Март на Бежанијските гробишта.
фото: Instagram printscreen/alexx_23p




