месец февруари беше пресудниот за славната сега веќе екс двојка, тоа беше месецот на нивниот дефинитивен крај! Џенифер Лопез и Бен Афлек и официјално се разведоа. Вториот обид за заеднички живот беше прекинат поради „непомирливите разлики“, па парот ја прекина формалната врска шест месеци откако латино дивата поднесе барање за развод.
Иако еднаш признала дека сè и е тешко, таа силно се држела на јавните настапи – сè до неодамнешниот концерт во Абу Даби каде емоциите ја совладале, па одржала емотивен говор во кој, на крајот, открила зошто решила да ја остави својата голема љубов.
За Џенифер Лопез крајот на 2024 година не бил нималку лесен и бајковит. Светските медиуми ненаситно зборуваа за нејзиниот развод со Бен Афлек, но и двете страни мудро молчеа и не даваа изјави кои на љубопитната јавност ќе и дадат повеќе „месо“ за нивниот љубовен живот. И додека актерот изгледа слободен и среќен, пејачката не може да ги задржи солзите поради уште една неуспешна љубов.
Сепак, иако, според сопственото признание, била во тешка психичка состојба, изгледа дека Џеј Ло успеала да закрепне, да сврти нова страница во животот и да продолжи понатаму. И секако не ѝ било лесно да го види поранешниот партнер во толку близок контакт со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.
По шест месеци таа искрено да проговори за љубовното искуство и разводот на концерт во Абу Даби. На една од паузите пејачката едвај ги задржала солзите и се обратила на присутните.
Watch on TikTok
„Мажите ти ја даваат својата љубов, цвеќиња, бонбони, дијаманти, цело време. И сè е толку розово и сончево. Но, тогаш нешто се случува. Не знам што е ова. Но, тие престануваат да те тешат и да те поддржуваат. Можеби ќе почнат да те лажат, мора да знаете кога е време да си заминете“, истакна Џенифер, а публиката ја поддржа со овации.
Овие важни зборови таа ги кажала на денот кога официјално се разведе од поранешниот сопруг. Иако Лопез и Афлек постигнаа спогодба на 6-ти јануари, им било кажано дека тоа нема да стапи на сила до 21-ви февруари.
За потсетување, Бен и Џенифер повторно ја разгореа својата романса на почетокот на 2021 година, откако ја раскинаа свршувачката пред речиси 20 години.
фото:Instagram printscreen/benandjenniferbutgarner/Jlo