Радио Милева хаос

Семејно насилство во домот на позната актерка: Полицијата го приведе нејзиниот татко (фото)

Семејно насилство во домот на позната актерка: Полицијата го приведе нејзиниот татко (фото)

Мајкл Лохан, татко на познатата актерка Линдзи Лохан, е уапсен поради наводен физички напад на член на семејството, дознава TMZ.

Според судските документи до кои дојде ТМЗ, Мајкл Лохан бил уапсен во саботата во Тексас под обвинение за семејно насилство наречено „континуирано насилство врз семејство“.

Портпаролот на Канцеларијата на шефирот на округот Хариз за ТМЗ изјавил дека Мејор, партнерката на Мајкл, била на медицински преглед. Медиумот од друг извор дознал дека неколку дена претходно тој  исфрлил столица од нивната куќа.

Тие велат дека една полицајка забележала модринки на нејзиното тело, по што тврдат дека разговарале со Мајкл и го уапсиле без инциденти во неговиот дом.

Мајкл и Кејт имаа бројни судири со законот во текот на годините, вклучително и минатата година кога Мејор беше уапсена поради прекршување на заштитниот налог по жестоката конфронтација со Лохан на среде улица.

Кејт била уапсена и поради возење под дејство на алкохол, а Мајкл во 2020 година бил уапсен поради наводно гушење и малтретирање на Кејт, пренесува TMZ.

Кауцијата на Мајкл беше одредена на 30.000 долари. Судското рочиште е закажано за в понеделник.

фото:Instagram printscreen/lindsaylohan

To top