Радио Милева нејзината бајка

Тања Савиќ подготвена за свадба голема: „Ќе биде лудо, ќе ве поканам сите“ (фото)

Тања Савиќ подготвена за свадба голема: „Ќе биде лудо, ќе ве поканам сите“ (фото)

Српската пејачка Тања Савиќ пред некоку години мака мачеше да се разведе од сега поранешниот сопруг, но и да си ги земе двајцата синови кои беа со татко им во Австралија.

Сега тие денови се зад Тања која ужива во љубовта со својот сакан Муки.

Мухамед Муки Бешиќ е 11 години помлад од пејачката, а иако многумина предвидуваа дека нивната љубов нема да опстане поради разликата во годините, тие ја живеат својата бајка.

Помладиот партнер на пејачката се потруди околу подарокот, па поради својата сакана го одврзал ќесето.

– Полека, млада сум… Има време. Ќе биде луда свадба. Ќе ве поканам сите – им порача Тања на своите фанови, а нејзиниот ПР и уредник на секторот забава во српски „Курир“, Горан Јовановиќ, предложил венчавката да се одржи на Маракана, бидејќи таму може да се сместат нејзините обожаватели.

За потсетување, Тања неодамна проговори за врската со Муки и истакна дека би сакала тие двајца да се венчаат, но повеќе од тоа би сакала да имаат дете.

– Секогаш имам некои планови, а Господ веројатно се смее. Она што најмногу би сакала да го направам е уште еднаш да се остварам во улогата на мајка. Тоа е она што најмногу го сакам. Го сакам мојот човек и тоа би била круна на нашата љубов. Секоја година со бројот пет ми донесе среќа, па така ќе биде и во 2025 година – изјавила Тања, признавајќи дека не се плаши повторно да се венча, иако во првиот брак поминала многу непријатности.

фото:Instagram printscreen/ tanja_savic_private

To top