Радио Милева малкумина знаат

Сите го знаеме поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ како Тони Бијелиќ: Ова е неговото вистинско име

Сите го знаеме поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ како Тони Бијелиќ: Ова е неговото вистинско име

Драгана Мирковиќ објави дека по речиси 25 години брак се разведува од Тони Бијелиќ, што изненади дел од јавноста.

Тие двајца важеа за еден од најскладните парови, па сите беа изненадени од нејзината објава дека веќе неколку години не живеат заедно.

Драгана и Тони се венчаа во 2000 година и добија две деца Марко и Мануела. За време на бракот стекнале големо богатство, а најмногу се зборуваше за замокот во Виена како и флотата автомобили проценета на неколку милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

Инаку, Тони со години успешно се занимава со приватни бизниси, но никогаш не бил претерано изложен на медиумите, па малкумина знаат дека неговото вистинско име е всушност Антоние.

Иако има хрватско потекло, Тони е роден во Виена, а својот бизнис го започнал на многу млада возраст. Денес постојат неколку компании од областа на автомобилите и градежништвото. Освен тоа, заедно со сопругата Драгана, во Пожаревац основал телевизија која го носи името на нејзините иницијали.

Според проценките, нивното богатство вреди околу 100 милиони евра, а замокот од кој се иселил Тони, по што наводно купил вила во Германија, вреди дури 50 милиони.

Фото: printskrin/instagram

To top