Радио Милева Срам на Греми

Непријатен момент: Падна на црвениот тепих, a луѓето ја игнорираа (видео)

Непријатен момент: Падна на црвениот тепих, a луѓето ја игнорираа (видео)

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 67. доделување на Греми наградите, а на социјалните мрежи вирално видеото од новинарка како паѓа на црвениот тепих стана вирално на социјалните мрежи.

Келти Најт, дописник на И Вести, известуваше во живо од црвениот тепих, на кој пристигна со голем стил.

Кога се приближувала се сопнала и паднала, а камерите го снимиле непријатниот момент.

Меѓутоа, никој од присутните, освен еден чувар, не пришол да и помогне, туку само погледнале во нејзиниот правец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KELTIE (@keltie)

„Зошто секогаш нешто се случува на црвениот тепих? Само пуштете ме да живеам“, напиша таа покрај клипот од Греми што насмеа многумина.

Да потсетиме дека на Златните глобуси во 2024 година, Келти изгуби дијамант од четири карати на црвениот тепих, па побара помош од познатите во потрагата по него, но безуспешно.

фото: printscreen/instagram

To top