Радио Милева две кралици

„Април е поубав со тебе“: Калиопи ги овековечи најубавите моменти со нејзината најмила  (фото) 

„Април е поубав со тебе“: Калиопи ги овековечи најубавите моменти со нејзината најмила  (фото) 

Калиопи Букле на социјалната мрежа Инстаграм редовно споделува за нејзините настапи, концерти и активности поврзани со работата.

Сепак овој пат се одлучи да ги изненади своите обожаватели и да покаже дел од нејзините приватни моменти поврзани со секојдневието.

Имено, за нашата Калиопи Букле често се лепат епитетите како поп дива, кралица, но сега таа се одлучи да ја покаже жената која и е најмила и за неа е кралица.

– Две кралици, мајка  – пишуваше на кратката приказна каде ја сподели  покрај стиховите од песната „Знам“ од фан страницата на Калиопи.

 

На нејзиниот профил Калиопи со задоволство ги додаде новите фотографии создадени сега, во овој месец, а за тоа најде и вистински зборови со кои ја надополни и ја комплетираше објавата на која позира заедно со нејзината мајка Марија:

– Април е поубав со тебе мамо, а животот е многу повреден! Те сакам!   – напиша таа и ги воодушеви следбениците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Калиопи не го откри местото каде се фотографирале, но од нив веднаш се забележува дека уживале во Скопје на Средно Водно.

И двете понесени од возвишеното чувство на љубов блескаа на фотографиите со кои ги овековечија овие убави заеднички моменти, а  позитивните коментарите и допаѓањата уште веднаш започнаа да се редат под споделеното.

Фото: printskrin/instagram/kaliopi_official

To top