Пејачката Наташа Беквалац е позната по своите духовити изјави, а овој пат на ист начин реагираше на критиките.
Таа важи за една од најубавите дами на домашната естрада, но со тоа не се согласуваат сите.
Пејачката доби негативен коментар на Инстаграм, на сметка на нејзиниот изглед.
„Преслаба си и ниска. Мислев дека си женска и пол, а всушност си ништо. Убава си само кога ќе се средиш, а вака не би те ни препознал. Наташа, премногу си слаба“, ѝ напишал непознат маж, а таа бргу му одговорила.
„Во ред“, кратко напишала Беквалац, покажувајќи дека коментарот воопшто не ја вознемирил.
e ovakvo odgovaranje je mood pic.twitter.com/K5LvbdgTfL
— Greška generacije (@stefidzax) January 13, 2025
фото: printscreen/instagram/x