Минатиов викенд снегот ни дојде за прв пат на гости годинава… Во унилатерална посета на Македонија, колку да не потсети дека назад ни е зимата. Оние кои патуваа не беа баш пресреќни, особено не ако патувањето им се одвиваше во вечерните часови, ама затоа на снегот како и секогаш најмногу му се израдуваа децата. Или не само тие?
Така на пример кај некои од познатите Македонки снегот го разбуди „детето во нив“, па поитаа и самите да истрчаат надвор за да си поиграат со белите снегулки и секако да се фотографираат! Една од нив и некогашната „Гранд“ и „IDJShow“ ѕвезда, македонската пејачка Љупка Арсовска, која по појавувањето во овие две музички талент натпреварувања бргу го сврте на себе вниманието на јавноста.
И тоа не само со нејзиниот вокал, туку и со својот предизвикувачки, секси изглед, која во меѓувреме покрај музичкиот подем, нејзината телесна трансформација од анонимна девојка од внатрешноста желни за слава, направи вистинска убавица…
Привлечна, пожелна, атрактивна, просто неодолива… „Секси до коска, возбудлива до болка“ – што би рекле добрите машки познавачи на женскиот сексапил!
Викендов надвор снег до колена, а македонската пејачка во секси поза на снегот разголена… Љупка Арсовска никогаш повозбудлива со својата жешка појава ја украсила снежната идила! Во куса топ бундичка, црни брендирани чизмички и секси боди длабоко врежано во нејзиниот телесен раскош во пределот на препоните и длабоко деколтирано кај бујниот граден кош, пејачката позира на брегот, толку врела што околу себе го стопила и снегот.
Влажните машки погледи останаа замрзнати на нејзината еротска појава од која застанува здивот, па дури и на оној што ја сликал, од здивот му се замаглил објективот. Фотографијата поради тоа можеби малку матна, ама затоа пејачка вака разголена, ледена, медена и возбудливо шокантна!
View this post on Instagram
Потоа, топол туш и топли чорапчиња, пешкир на влажната коса и чаша црвено вино и… Провокативна понуда: „Пробај ме“… За комплетно уживање… до сабајле!
Фото: Инстаграм/arsovskaljupka