Милијана Богдановиќ дефинитивно нема среќа со мажите, а доказ за тоа се нејзините љубовни избори. Поранешната ријалити учесничка во реалното шоу „Задруга“, беше во брак со 53 години постариот Милојко Божиќ и со тоа се најде во центарот на медиумското внимание.
Денеска Милијана работи како кондуктер во автобус, а во тоа друштво запознала постар маж, со кој била во врска до пред неколку дена, кога изби пожежок скандал. Како што се дознава, дури и полицијата морала да реагира, а причина за инцидентот била прељуба.
Имено, Милијана била изневерена од партнерот со нејзина колешка, а истото таа го потврдила за српски Курир.
„Ме изневери со колешка. Ги фатив на работа и потоа настана хаос. Се исплашил, па повикал полиција. Веднаш дојде патролата и ме однесоа во станица. Да ви кажам искрено, не знам што се исплаши?! Јас сум женска од 50 кг, а тој машко. Како да го повредам?“ – рече Милијана, а потоа проговори за евентуално помирување:
„Немам ништо лошо да кажам за него. Во исто време, сè се случи пред моите очи. Не е убаво тоа што ми го направи, бидејќи му бев верна, не направив ниту еден инцидент. Патем, човекот има и жена, а сега и нова девојка. Работиме заедно во фирмата, па ни ги заменија смените бидејќи имавме забрана за приоѓање. Не размислувам повеќе за него, што се случило, што се случило…“ – изјавила Милијана.
Фото: Инстаграм/_milijana_bogdanovic_