Александра Пријовиќ по успешната турнеја се посвети на приватниот живот.
Празниците се време кога традицијата и семејните вредности се ставаат во преден план, а тоа го знае и познатата пејачка Александра Пријовиќ.
Во новото видео што го објави, Александра меси лепчиња за Божиќната трпеза, а во позадина свири добро познатата песна на Зорица Брунцлик „Evo već je Božić“ која создава совршена атмосфера за дочек на најрадосниот христијански празник.
Александра Пријовиќ по успешната турнеја која го потврди статусот на сцената, реши да се посвети на приватниот живот.
@aleksandra_prijovic Turneja je gotova, zivot ide dalje… 🤣 #aleksandraprijovic ♬ original sound – Aleksandra Prijovic
Турнејата заврши, животот продолжува!“ – вели Александра со видеото, навестувајќи дека е време за одмор и посветеност на семејството и пријателите.
По завршувањето на турнејата, Александра „на одредено време“ се повлекува од јавноста за да се посвети на одмор и создавање на нови песни. Следната година, според неа, е идеална за планирање на се што доаѓа, што навестува дека наскоро ќе се врати на сцената со нов материјал.
фото: printscreen/instagram