Радио Милева празнично

Божиќ не може да помине без ова: Сања Маринковиќ празниците ги поминува во Дубаи, но традиција не изостана (фото)

Божиќ не може да помине без ова: Сања Маринковиќ празниците ги поминува во Дубаи, но традиција не изостана (фото)

Познатата српска водителка Сања Маринковиќ одлучи оваа година Божиќ да го прослави далеку од својата земја.

Таа отпатува за Дубаи каде со пријателите го прослави најрадосниот празник.

Водителката најпрвин објави неколку прекрасни кадри од луксузната дестинација, а потоа покажа како изгледа божиќната трпеза.

Секако, имало и сарма, салата и пита, а потоа објавила и видео на кое заедно со своите пријатели го крши бадниковото лепче.

– Среќен Божиќ – напишала кратко таа.

Да потсетиме, Сања во една прилика открила како успева да ja одржува виткаta линија.

– Сакам правилна исхрана и јадам сè помалку месо. Ги слушав помудрите од мене, а најмногу јадам сирова храна. Јас всушност не јадам ништо (се смее). Мислам дека пред 15 години нарачав главно јадење во ресторан, воопшто не го правам тоа, не нарачувам и не јадам главни јадења, повеќе сакам да нарачам предјадење. И тоа не е одрекување, јас уживам, најдов некој систем кој ми одговара. Тренирам, наутро ништо не јадам, пијам само сок, па кафе и околу 13 часот првпат внесувам храна – открила водителката и признала дека целосно исфрлила голем број намирници од исхраната.

фото: printscreen/instagram

To top