Како што се наближува Нова Година, така доаѓа време за сумирање на резултатите, ама и за новогодишни желби, честитки и поздрави… И сите се сведуваат горе-долу на добро здравје, живот, среќа… за оние кои ви се блиски, мили, драги, сакани.
Арно ама, дека и за оние другите, може да има по некој „новогодишен поздрав“ само од поинаква провинанција или со скриена, ама сепак јасна содржина покажа атрактивната струмичанка Љупка Митрова.
Македонскиот модел, инфлуенсерка и однеодамна горда сопственичка на сопствен моден бренд, Љупка Митрова реши да ја шокира јавноста со нова објава… Предновогодишна, на својот Инстаграм откако сподели вобудливо, а сепак содржајно видео со кое сакаше да им порача нешто на поединци, кои се и тоа како заитересирани за неа, нејзиниот живот и начинот на кој го води во разни ситуации, на различни дестинации.
За неа е познато дека „се има – па се може“, дека парите не и се проблем, а однеодамна откри дека ниту љубовта не ја заобиколила во 2024-тата… Тогаш многумина се запрашаа а зошто ваква видео, а и на него испишана порака од Љупка Митрова, кога може низ животот „ладно да си гази“ и „мува да не ја лази“ за тоа што некој мисли, шепоти или гласно зборува за неа?
Но, сексапилната струмичанка очигледно не размислува баш така, па Љупка Митрова во клечечка поза само по бањарка на високи штикли на ролшуи им испрати „новогодишен поздрав“ на нејзините озборувачи! Некои останаа зачудени, повеќето видно возбудени од позата на атрактивната г-ѓица Митрова, која се надева дека пораката допрела до оние до кои била испратена и кому му била наменета!
Патем им ветила да неберат гајле, оти во во новата 2025-та ќе има доволно време да им приреди и второ полувреме! Љупка им подготвува сезона два, за сите заедно, а и секој од нив поединечно, да има (за) што да (ја) озборува расната убавица! А и да има што да се пишува и споделува… И по социјални мрежи и по таблоидните медиуми!
И нека… Само да се видеата и фотографиите што попровокативни и повозбудливи, а муабетите ќе ги има и онака… Та била и светица, дева Марија, закопчана до гуша! Вака барем има материјал за личен Пи-Ар.
Дотогаш, новогодишен поздрав до озборувачите… Со љубов од Љупка!
Фото и видео: Инстаграм/ljupka_mitrova