Радио Милева новогодишни украси

Лидија Вукиќевиќ покажа како го украсила својот дом: Книги, гном, оган средe собата (фото)

Лидија Вукиќевиќ покажа како го украсила својот дом: Книги, гном, оган средe собата (фото)

Актерката Лидија Вукиќевиќ  често објавува фотографии на Инстаграм од својот дом на Бежанијска коса која го уредила како од бајките.

Имено, Вукиќевиќ овој пат  покажа како го украсила својот дом за новогодишните празници, а на сите им паднало во очи тоа што на средината од собата поставила камин.

Актерката го украсила станот со новогодишни украси, а во преден план се гледа големата фигура на гном што ја поставила на прозорецот. Лидија освен што ужива во убаво уреден стан има и фантастичен поглед во кој ужива. Сè изгледа идилично, особено откако падна првиот снег во годината.

Да потсетиме, Вукиќевиќ еднаш откри дека вложила многу внимание и труд во дизајнирањето на ентериерот на својот дом и дека не ѝ е тешко да ги засука ракавите и да закова, да бојадиса или да реставрира одредени делови од домот. Белата, капучино и песочните бои доминираат во нејзиниот простор, а мебелот од дрво, украсен со ситни детали и растенија, се наоѓа насекаде во станот.

Како што објавија медиумите, Лидија пред извесно време за 200.000 евра ја продала куќата што ѝ припаѓала по разводот со екс-фудбалерот Митар Мркела и со тие пари купила стан кој сама го опремила.

„Тој стан е многу луксузен и посебно се посветила на неговото уредување”, рекол изворот на времето.

фото: printscreen/instgaram/vukiceviclidija

To top