Неодамна јавноста ја запали фотографијата на Емина Јаховиќ и продуцентот Љубомир Доронтиќ кога напиша „Таа ми е девојка“. Шпекулациите за нивната врска започнаа пред еден месец кога беше објавена и нивната заедничка новогодишна слика. Судејќи по реакциите, изгледа дека Доронтиќ никого не остава рамнодушен и дека неговите објави буквално ги запалиле социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Сепак, ова не е единственaта пејачка со која бил близок. Своевремено беше објавена фотографија на која тој страсно се бакнува со пејачката Наташа Беквалац. На почетокот многумина мислеа дека се работи за пријателски бакнеж, што се случи на една прослава, а фотографијата потоа ги обиколи сите социјални мрежи.
Иако околу нив двајца сè уште се креваше прашина и веќе беше објавено дека тој е новото момче на Наташа, набрзо се дозна дека единаесет години помладиот Доронтиќ всушност долги години бил навистина само добар пријател со Беквалац.
Инаку, Љубомир Доронтиќ како продуцент работи на организација на многу манифестации како претстави и концерти и на тој начин се спријателил со многу јавни личности, меѓу кои и со Наташа. Покрај продуцентската работа, Доронтиќ е исклучително успешен и во режијата. Очигледно друштвото во кое се движи се јавни личности, поради што често го поврзуваат со познати дами, особено во последните денови со Емина, а пред неколку години и со Наташа.
Фото: Инстаграм/yaemina/mashaterzic