Радио Милева за тешките денови

Српскиот пејач доживеал тешка траума за предвреме родената ќерка: „Беше прашање дали ќе ја преживее ноќта“ (фото)

Српскиот пејач доживеал тешка траума за предвреме родената ќерка: „Беше прашање дали ќе ја преживее ноќта“ (фото)

Марко Булат не крие дека животот не бил љубезен кон него, а една од најтешките ситуации била онаа во која предвреме се родила неговата ќерка.

Лекарите со месеци се бореа за нејзиниот живот, а пејачот сега се присети на траумата и откри како се справил со неизмерната болка.

– Чекав 12 години за дете. Доротеа се родила предвреме, па три месеци била во инкубатор. Беше прашање дали таа ќе остане жива. Сè беше во Божји раце. Постојано велев: „Боже, ти ја даде, те молам не ја одземај“. Таа е родена со само 900 грама – изјави Марко.

По раѓање, девојчето било на одделот за неонатологија, а Марко постојано комуницирал со главната сестра.

– Дежурната медицинска сестра ми рече: „Прашање е дали ќе ја преживее ноќта“.

По неколкумесечна борба, исходот беше позитивен.

– Ми олесна кога видов дека се’ е како што треба. Помеѓу втората и третата година ми стана полесно, бидејќи тогаш видов дека се формира како дете, почнува да оди и да зборува – изјави Марко за „Скандал“.

фото: Printscreen/instagram/bulat.marko

To top