Пејачката Марија Луиса Тодоровска не само што е „кралица на бакшишот“, туку и многу што друго во својата естрадна професија. Меѓудругото и сама себе си менаџер. И тоа пилично вешт, барем според бројот на договорени тезги, од кој може некој да помисли: „Ех, ниска цена, голем обрт“… Само што треба да се отепаш од пеење, за да заработиш за доволно да ти остане?!
Арно ама, дека воопшто не е така пејачката покажа со една споделена преписка, како се договара за естрадна тезга. Или поточно како (не) треба.
Имено, еден заинтерсиран клиент и пишал на социјалните мрежи дека би сакал да дојде да им пее. Дали навистина му било до песна или тоа му било само финта за да и го дознае бројот на мобилниот, знае само тој самиот. Но итра Марија бројот не го дава… Не барем на непознати, со кои не сака да муабети додека не ги запоознае и сурат не им види.
Патем понудената цена не била ни половина од она што пејачката го побарала за настап во Пробиштип, каде што ја викале да запее на приватна забава.
„Половина во кеш, половина во бакшиш“ – била понудата, која Марија категорично ја одбила, зашто платежниот предлог за неа е неприфатлив, а за волку скржави мажи – понудата не важи!
Така што од преписката јасно се гледа дека пејачката број не дава, а ни цена не спушта. Спушта само слушалка или ја прекинува комуникацијата кога понудата е неприфатлива.
И после некој нека каже дека Марија Луиса не знае да каже НЕ?
Фото: Инстаграм/luisa.todorovska