Радио Милева за неа природниот изглед е пред се'

Лео и Кејт позираа со мајката на Роуз од „Титаник“: Вака изгледа по речиси три децении (фото)

Лео и Кејт позираа со мајката на Роуз од „Титаник“: Вака изгледа по речиси три децении (фото)

Пред 27 години филмот „Титаник“ беше една од најгледаните продукции, а љубовта меѓу Џек и Роуз трогна многумина. Меѓутоа, ако сте го гледале, знаете дека мајката на Роуз беше против таа љубов. Тоа е Френсис Фишер, а денес оваа актерка изгледа тотално поинаку.

Френсис Фишер е родена во Англија во 1952 година и има корени од Русија и Унгарија.

Кога имала 15 години ја изгубила мајка си, а поради работата на татко и често се селела, дури девет пати.

Почна да глуми во далечната 1976 година, а најпозната ни е по улогата на Рут Девит Букатер, како мајка на Кејт Винслет, т.е. Роуз.

Денес сигурно не би ја препознале оваа актерка. Негува природен изглед, не ја бојадисува косата, туку ја остава природна, давајќи до знаење дека не се грижи премногу за годините кои ги има.

фото: Instagram printscreen/ francesfisher

To top