Радио Милева жестоко

„Таа глупава, безобразна водителка“: Пејачката ја напушти емисијата на Сања Маринковиќ (фото)

„Таа глупава, безобразна водителка“: Пејачката ја напушти емисијата на Сања Маринковиќ (фото)

Водителката Сања Маринковиќ постојано влегуваше во конфликти со гостите на нејзината емисија „Магазин ин“.

Неодамна слична ситуација се случи и со пејачката Маја Николиќ, кога таа демонстративно стана и го напушти шоуто на Сања.

Имено, за време на една емисија во која гостувала Маја Николиќ дошло до конфликт меѓу неа и водителката.

Пејачката ја спомена старлетата Станија Добројевиќ, на што водителката и порача да не ги споменува луѓето кои не се во студио.

Недолго потоа Сања ги спомна промискуитетните фотографии на Дара Бубамара, а Маја ја искористи приликата да го привлече вниманието на водителката дека сега таа е таа што споменува луѓе кои не се гости во емисијата.

– Сања, штом така ми се обрати, не ми се јавувај повеќе за ниедна емисија – рече Маја по кратка дискусија.

– Ако сакаш да ја почитувш емисијата, да бидеш гост, биди.  Ако не сакаш, немој – одговорила Сања.

Пејачката ја напушти емисијата и го напушти студиото, а како што истакна, повеќе не сака да гостува кај Сања.

– Бев навредена од Сања Маринковиќ кога и бев гостинка во емисијата во 2015 година, веднаш по емисијата кажав се што имав за неа. Таа ги навредува сите гости во емисијата, најмногу жените. Нејзината изјава дека им се заблагодарува на жените што се помалку глупави од неа е срамна. Јас изјавив дека  таа е ретко глупава, безобразна водителка која е и ѓубре и искомплексирана личност. И денес стојам на таа изјава. Таа отсекува делови од шоуто и на крајот вели дека сум го кажала она што не сум го кажала. Едноставно само така  го сече за да некој изгледа глуп – изјави Маја неодамна за Hype.

фото: printscreeen/instаgram

To top