2024 година за велешанецотМики Секуловски ќе биде незаборавната од која почнал пресвртот во неговиот живот- на убаво секако!
Уште откако го освои високото второ место во минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, ама ги освои и симпатиите на балканската фолк дива Цеца Ражнатовиќ, на Мики му се случува се’ она што тој не ни насетуваше.
View this post on Instagram
Денес Мики има полна агенда со настапи, работно ја завршува 2024 година, а и Новата ќе ја пречека со истото работно темпо. Што со Цеца низ регионот и европските земји, што сам низ Македонија.
Баран е насекаде, публиката сака да го слуша неговиот моќен вокал, а исто и Цеца сака нејзиниот глас и концерт да биде надополнет и покриен со машки вокал и тоа не на било кој, туку неговиот.
На своите профили на социјалните мрежи велешката Гранд ѕвезда се пофали со низа настапи и каде се’ публиката ќе има прилика да го слуша во живо.
Убав музички завршеток, а уште поубав нов животен и професионален старт за Новата 2025 година.
Само напред Мики!
фото: Instagram printscreen/ mikisekulovski