Денис Јанкуловски – Космонаутко, медицинскиот техничар од Центарот за јавно здравје кој стана познат во екот на Ковид пандемијата, денес активистот и претседател на здружението Аутизам ААМК и кантавторката и пејачка Наташа Мијатовиќ Мијата, беа гости во новото ТВ шоу „Никој како…“ на водителите Ненад и Кате на ТВ Телма.
Играа интересни игри, пееја и ги забавуваа гледачите, ама и одговараа на необични и интересни прашања. Особено впечатлива беше Мијата, која меѓудругото направи паралела како изгледаат мажите , а како жените кога се спремаат, па се гледаат во огледало.
Разликата очигледна, со тоа што кога требаше да каже за себе, пејачката рече дека таа има… машки поглед! Патем, раскажа како се запознале со Космонаутко, појаснувајќи дека нивното запознавање ама воопшто не било пријатно за неа.
Зашто како што вели самата, кога најмалку треба да си познат и кога сакаш да останеш дискретен и максимално анонимен, е баш тогаш ќе те препознаат дека ти си онаа – пејачката!
Но, за да ви биде појано погледнете го сликовито нејзиното излагање на тема машко женско спремање пред огледало и запознавање со Космонаутко, кога до јавно препознавање не ти е ни најмалку!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/nikoj_kako