Сајбер измамата во Интернет просторот стана секојдневие… Во морето реклами, од оние лажните налепени на вистинските личности, најмногу страдаат познатите и славни фаци. Од лекари како нашиот микробиолог Др. Никола Пановски, инфектологот др. Вело Марковски, или кардиологот др. Сашко Кедев, преку пејачките како регионалната фолк кралица Лепа Брена, фолкерката Милица Тодоровиќ, нашите Каролина Гочева и Антониа Гиговска, поп дивата Калиопи Букле, па се до водителки и модели како Елеонора Кочовска…
И покрај сите обиди на измамниците да им се влезе во траг, лажните профили и нивните измислени реклами да се запрат, речиси сите обиди остануваат безуспешни. И повеќе од тоа, зашто мрежата секојдневно се повеќе почна да се шири со нови жртви. Сега измамниците „намирисаа“ дека инфлуенсер(к)ите добро котираат кај масата, се одлична целна група за злопупотреба, па истите почнаа да стануваат нови жртви.
Најнов пример една од најпознатите и најуспешни наши инфлуенсерки и екс водителки, Миа Костова, која е новата жртва на познатата сајбер измама. Само што измамниците отидоа чекор подалеку, па не само реклама, туку на Миа и „спакуваа“ и измислено интервју! И тоа за портал со италианско име, регистриран со иатлиански домеин.
Метата позната, а целта – божемна реклама за некаков чај за слабеење. Фотографиите на Миа симнати од нејзиниот Инстаграм искористени и распослани низ целото измислено интервју кое инфлуенсерката јавно тврди дека никогаш никому не го дала.
Како и тоа дека се сомнева дека се работи за некој чуден Гугл транслејт, кој е употребен за некаков извитоперен превод на Македонски јазик.
Збунета изненадена и навредена, Миа Костова покрај јавната обзнана на измамата во која е злоупотребена, замоли доколку некој има било какви информации за дотичниот портал, фирмата, сопствениците, било што или било кој кој може да стои зад ова „злодело“, да ја информира.
За крај Миа Костова им порача на своите следбеници да не им веруваат и да не наседнуваат на ваквите измами!
Патем, Миа измамата ја пријави кај надлежните органи.
На потег се оние на кои сајбер криминалот им е работа, па се надеваме дека „нема да спијат“ и оваа и сличните вакви измами, бргу ќе ги откријат и сузбијат!
Фото и видео: Инстаграм/miandrija