Водителката на „Елита“ Ана Радуловиќ пред нешто повеќе од еден месец ја информираше јавноста дека се разведува од сопругот, пејачот Мирчет Радуловиќ, со кој го има синот Коста, а интересот за нив не стивнува.
Ана избегнуваше да зборува за разводот, како и за нејзиниот емотивен живот после тоа, а неодамна камерите на „Папарацо лов“ ја уловија со синот и мајка и во трговски центар.
Имено, Ана слободното време по разводот го искористи за шопинг и уживање со најблиските, а не се вади од бесната машина што неодамна ја купи.
Ана по купувањето се вратила во стариот стан во Ресник, а од автомобилот сама ги извадила сите работи.
Да потсетиме, водителката неодамна истакна дека третото лице не било причина за нивниот развод.
– Не, не. Веднаш се оградивме од тоа, за да не се шпекулира со нешто и друго. Кога нормалните луѓе ќе дојдат до заедничко решение и заедничка одлука, нема простор за тие работи – изјави таа за Ред ТВ .
фото: printscreen/Papparazzo lov /instagram/ana.radulovic