Социјалните мрежи дефинитивно станаа натпревар кој поголема глупост ќе напише.
Секако познатите не оставуваат секогаш имуни на тоа па не ретко знаат јавно да реагираат.
Овој пат македонскиот шоумен Игор Џамбазов, преку социјалната мрежа Инстаграм каде што е активен даде одговор, односно мислење на еден непријатен коментар кој го доби и допре до него.
Повод беше неговиот неодамнешен настап во Торонто каде со својата енергија повторно ги воодушеви следбениците, но очигледно имаше и такви кои оставија негативни коментари во неговото сандуче.
– Да знаев да пеам сега ќе пеев дует со Барбара Стрејсенд, а не да се мафтам со полуписмени полусветови… – се надополни тој покрај објавата која ја сподели :
View this post on Instagram
Игор на негова сметка досега добил безброј коментари, но овој пат веројатно непријатно го испровоцираа да врати.
Се разбира неговите обожаватели ја забележаа реакцијата па веднаш му упатија поддршка и позитивни вибрации:
„ Е ако де пак ти незнај да пееш и пак пеј си остави ги нека зборуваат“, „Само игнорирај фрустрирани глуп*ци, Ти си нашиот најголем амбасадор и глумец, а тие што ти завидуваат се нула за тебе“ Браво Игор прекрасен концерт во Торонто “
Игор со неговиот талент освојува многумина, а за останатите доволно е да не посветува време , бидејќи скапо е да се троши.
фото: printscreen/instgaram/igordzambazov