Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци за жал ја загуби битката со опаката болест – ракот кој беше кобен за него. На вечното почивалиште на гробиштата во Катланово го испратија најблиските од семејството и роднините, а од него за последен пат се простија и пријателите и нему блиски познати лица од јавниот и естрадниот живот.
За жал, и по неговото заминување од овој свет останаа мноштво контродикторности и контроверзи кои продолжија да се влечат како опашки зад името на сега покојниот Зоки – Фаци, но и зад некои од оние кои од него дојдоа да се простат и физички и преку социјалните мрежи, како неговата стара пријателка Лила Филиповска со која односите, релациите и блискоста во последно време очигледно не им беа онакви како некогаш.
Непријателство немало, но искри на незадоволство за наводниот однос на Лила кон него откако болеста му прогресирала за прв пат јавно искажа и самиот Фаци во поткастот „Без лимит“ кај Стефан Лазаров.
И покрај сите искажани мисли и грст чаршиски муабети за нивните „нарушени релации“, Лила Филиповска сепак дојде лично да го испрати, а и да се прости од за последен пат од Зоки Фаци, како морален и етички чин во име на старите добри времиња и нивното тогашно големо пријателство.
Но, нејзиниот гест беше протолкуван како чин на „врвно лицемерие“ токму од оние кои исто така беа некогаш нераздвојни со ТВ водителката, како Бојан Јовановски, алиас Боки 13-ка… Но и од еден од последно стекнатите пријатели на покојниот Фаци, неговиот поткаст компањон Стефан Лазаров, кои не издржаа својата згрозеност и незадоволство јавно да не ја искажат преку социјалните мрежи веќе следниот ден по погребот на Зоки.
Лазаров во пишана форма се огласи на приказните на својот Инстаграм:
„Трпеливоста била одлика на зрел човек. Божее. Не одлика на зрел човек е да се јавиш на болниот пријател и да бидеш тука до него додека е жив (не се јави ниеднаш и беше блокнат до крај). Ај ве молам, па по лицемерно нешто никад немам видено. На крај и фала ќе треба да и кажеме. Мрш“…
„А знаете зошто му се налути? Само затоа што почна поткаст со мене. Нејзиниот одговор беше на тоа дериште ли ќе му дигаме гледаност, а замислете Зоки и го спаси животот. Денес во фаца ти кажаа неговите блиски што заслужуваш. Џабе ти е се“…
„Зошто сум гневен??? Два дена дена пред да почине Зоки коментираше како е возможно да не му се јавиш, се прашуваше што толку ти згрешил? Епа боли сестро кога немаш одговор, а го гледаш дека му е мака. Бог нека ти прости“ – жестоко ја нападна Лазаров.
Бојан Јовановски беше уште порадикален и пожесток ставајќи го чинот на последно испраќање на Зоки Фаци од страна „инфлуенсерката“ како што ја нарече Лила, во категоријата на „маркетинг мневар, бизар и лешинарство“…
Но, тоа како да не беше доволно, па во второто видео, Боки 13-ка „нагази“ уште посилно во обидот да ја понижи и обезличи до крај водителката, велејќи дека искрено размислувал дали да го сними и обзанани, па сепак се решил на таков потег…
Лила Филиповска на сите овие (не)вистини или шпекулации заради нарушените релации не реагираше… Не барем јавно иако сигурно не е сеедно кога некој вас јавно ве прозива на ваков начин. Сепак, не остана нема до крај, туку само сподели статус на својот Инстаграм во кој е цитирана туѓа мисла од непознат автор која вели:
„Само замислете… на колку луѓе не им се допаѓате затоа што не ја слушнале вашата страна од приказната“ – споделила Лила.
Затоа, Вистина.ком.мк стои отворена за да ги слушне сите засегнати страни. Меѓу кои и онаа – прозваната, во случајов Лила Филиповска.
Фото и видео: Инстаграм/_lazarovv/boki13official