Цеца Ражнатовиќ последниот албум го објави во 2016 година, а од смртта на нејзината пријателка и најблиска соработничка Марина Туцаковиќ, која е одговорна за многу нејзини хитови во кариерата, Цеца тешко може да најде нов тим, за што и вано говореше.
Откако долго размислуваше кому да му го довери проектот, пејачката довербата ја даде на композиторот и моментално најголем српски хитмејкер Дејан Костиќ.
Тој неодамна се појави на нејзиниот голем концерт во Софија, Бугарија, каде што ги открија плановите за соработка.
– Во соработка со мојот пријател и колега Драган Брајовиќ Браја подготвуваме нов проект за Цеца. Засега направивме неколку песни кои ќе се најдат на албумот и продолжуваме со креативната работа. Цеца наскоро ќе влезе во студиото каде ќе се реализираат сите идеи, а таа и нејзината кариера лично ми беа голема инспирација и предизвик – изјави Костиќ по концертот за медиумите.
View this post on Instagram
Цеца неодамна приреди спектакл во Арената во Бугарија, а како нејзин специјален гостин во публиката се појави и Костиќ и уживаше во нејзиниот настап во живо. Дејан со своето доаѓање ја покажа својата почит кон фолк ѕвездата, а во исто време сакаше на лице место да ја почувствува атмосферата што ја прави Цеце и нејзиниот бенд.
фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic/ You Tube printscreen/ Telegraf.rs TV